Владините проекти наменети за подобрување на конкурентноста и зголемување на извозот на домашните компании беа претставени денеска од страна на вицепремиерот Владимир Пешевски. На оваа тема Пешевски зборуваше денеска пред генералните директори и соработници на компаниите најголеми извозни за време на седмата годишна Конференција за унапредување на извозот на Македонија, што се одржа во Скопје. Програмата на Владата содржи голем број на проекти наменети за подршка и развој на извозот. Овој месец стартуваше новиот инструмент на Македонската банка за поддршка на развој, наречен извозен факторинг, кој има за цел да ја подобри ликвидноста на компаниите и воедно да го потикне нивниот раст. Веќе идната година ќе стартуваат низа проекти наменети за потикнување на извозот на домашните компании.
Владините проекти наменети за подобрување на конкурентноста и зголемување на извозот на домашните компании беа претставени денеска од страна на вицепремиерот Владимир Пешевски.
На оваа тема Пешевски зборуваше денеска пред генералните директори и соработници на компаниите најголеми извозни за време на седмата годишна Конференција за унапредување на извозот на Македонија, што се одржа во Скопје.
„Програмата на Владата содржи голем број на проекти наменети за подршка и развој на извозот. Овој месец стартуваше новиот инструмент на Македонската банка за поддршка на развој, наречен извозен факторинг, кој има за цел да ја подобри ликвидноста на компаниите и воедно да го потикне нивниот раст“, рече Пешевски.
Вицепремиерот истакна дека веќе идната година ќе стартуваат низа проекти наменети за потикнување на извозот на домашните компании.
„Наредната година очекуваме да стартуваат проектите „Учиме за извозот“ и „Влез на нови пазари“. Проекти конкретно насочени кон зголемување на извозот. Би го споменал и проектот „Осигурување на кредити за подготовка на извоз“. Проект преку кој МБПР ќе ги покрие ризиците на деловните банки при кредитирањето на извозно ориентираните компании“, изјави Пешевски.
Притоа тој додаде дека МБПР прераснува во вистинска ЕХИМ банка, силно фокусирана кон подржување на увозот и извозот на македонскиот пазар.